- - МТВ Посета на верски објекти за студентите на политички студии од Правниот факу...
- - Нова Македонија Оџите и поповите бараат нови објекти, верниците велат - доста се...
- - Канал 5 Во Македонија постои меѓу верска толеранција, сметаат верските заедници...
- - ДНЕВНИК Свеста за меѓурелигиски дијалог ќе се гради во Маврово - МТВ Работилн...
- - МЦМС Меѓурелигиска соработка во Македонија ...
- Комисијата за верски заедници и религиозни групи, Република Македонија www.kovz.gov.mk ...
- Социјална мрежа за новинари кои пишуваат за религиски теми www.facebook.com/ReligionNewswriters ...
- Во борба со предрасудите, Интервју со Антон Серечи, новинар и заменик-директор на ...
- Европски совет на религиски лидери - регионална мрежа на религиски лидери во Евро...
- ЦИРЕЛ Центар за истражување на религии, Белградска отворена школа www.bos.rs/cirel ; www.veraz...
Проект за меѓурелигиски дијалог
Толеранција, дијалог, соработка! Промовирање на меѓурелигиски дијалог во Македонија, преку градење на капацитетите на медиумите и верските претставници
Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во партнерство со Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ (ИД) во периодот од јануари 2011 година до декември 2011 година во Република Македонија го реализира проектот „Толеранција, дијалог, соработка! Промовирање на меѓурелигиски дијалог во Македонија, преку градење на капацитетите на медиумите и верските претставници“. Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата Европски инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) и кофинансиран од Фондацијата Конрад Аденауер.
Овој проект, има за цел да ја подигне свеста кај населението за религиска толеранција и прифаќање на различното религиозно убедување, како и да придонесе за демократскиот процес за промовирање на слободата на изразување, меѓурелигиски дијалог и религиозниот плурализам. Воедно, при создавањето на проект идејата, носителите на проектот имале визија со овој проект да помогнат во зацврстувањето на капацитетите на верските гласноговорници и клучните претставници на 5те верски заедници, со што би се придонело да умеат професионално да комуницираат, со подобра информираност и соодветна медиумска едукација.
Таргет група на проектов се:
- Новинари од релевантни електронски, печатени и онлајн медиуми кои покриваат религискии теми на национално и локално ниво.
- Национални и локални претставници на петте религиозни заедници: Православни Христијани, Муслимани, Католици, Протестанти и Евреи.
- Селектирани групи од млади верници, ученици од средните и основните училишта од етнички мешани и моно-етнички заедници.
Во текот на реализација на проектов, предвидени се следниве активности:
- Четири тренинг семинари за новинари и уредници за прашања од религиска област.
- Осум тренинг семинари за претставници на одредените верски заедници на национално ниво во Скопје (2 тренинг семинари) и верски претставници на локално ниво (по еден тренинг семинар во Тетово, Кичево, Охрид, Битола, Штип и Струмица).
- Четири работилници, заедничко организирани за новинарите и претставниците на верските заедници кои земале учество на претходно одржаните тренинг семинари.
- 14 посети на една религиозна заедница на верски објекти на друга религиозна заедница. Посетите ќе вклучуваат млади верници - студенти.
- Конференција за меѓурелигиска толеранција која ќе ги вклучи поглаварите на верските заедници и други авторитети за верски прашања
- Kампања за подигнување на јавната свест за меѓурелигиска толеранција и почитување на другите религиски вредности.
- Истражување ќе биде направено како крајна активност на проектот. Тоа ќе даде слика на актуелната ситуација во однос на религиските права и дијалог и ќе помогне за организирање понатамошни активности за зближување и меѓурелигиски дијалог и разбирање од оваа област.
Најнови Активности
-
Изјави на студенти При посетата на верските објекти...
-
Скопје, 28 ноември 2011 Посета на верски објекти во Скопје...
-
Битола, 25 ноември 2011 Посета на верски објекти во Битола...
- 1
- 2



